Граѓаните од Ѓорче Петров се револтирани поради нереализираниот проект за изградба на канализација

И по 12 години, откако започна проектот за изградба на канализациона мрежа во населените места Волково, Кисела Јабука и Стопански двор, жителите на овие населени места во општина Ѓорче Петров мака мачат со овој децениски проблем.

 

Имено, иако самите, со кофинансирање во висина од 500 евра учествуваат во изградбата на канализационата мрежа, не можат да добијат нормални услови за функционирање, достојно за модерното живеење кое го налага 21от век.

 

Инвестицијата која на почетокот беше проценета на 1.400 000 илјади евра, сега е потпомогната со 650 000 евра, од Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски вели дека го разбира револтот на граѓаните, и уверува дека во најбрз можен рок ќе финишира изградбата на канализационата мрежа.

 

Со заокружувањето на овој капитален проект, кој општина Ѓорче Петров го наследи од претходната власт, градоначалникот Наумоски смета дека општината ќе биде уште поубаво место за живеење, и инвестирање.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.