Исчистени диви депонии во Волково

Koмуналните служби на Општина Ѓорче Петров континуирано работат на отстранување на отпадот.

 

Како што информираат од таму, дислоцирана е поголема количина на смет која се наоѓаше  на патот кон село Кучково, како и отстранет е сметот на патот кон село Орман кај надвозникот, во близина на обиколницата.

 

Граѓаните реагираат на недоволна застапеност на комуналните работници во населените места Волково, Кисела Јабука и Орман, каде што најчесто поради лошите навики на населението, во комбинација со ретките акции за расчистување на сметот, се создаваат диви депонии од кои се шират зарази, речиси на секој чекор.

 

Од општината најавуваат засилено темпо на работа, со цел да се ослободи од ѓубре и смет и останатиот дел од општина Ѓорче Петров.

 

Комуналните служби апелираат до локалното население за поголема еколошката свест, со цел зачувување на животната средина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.