Утврдена програмата за зимско одржување на улиците во Ѓорче Петров

Во пресрет на зимата, во координација со претседателите на урбаните и месни заедници, Општина Ѓорче Петров изготви програма со која ќе се обезбеди олеснет пристап и движење во зимски услови.

 

– Кризниот штаб одреди динамика по која ќе се чисти снегот и голомразицата од коловозите, регистрирани се критичните точки, определена е механизација, зголемена е координацијата со Град Скопје, како и службите на ЈСП, “Македонија пат”, ЈП “Улици и патишта”. Приоритет при одржувањето ќе имаат улиците кон здравствените установи, училишта, градинки – информира градоначалникот Александар Наумоски.

 

Во случај на неминовна потреба на зимска служба, општината ќе ангажира дополнителна механизација и работна рака. За поефикасна работа, Кризниот штаб упатува апел во случај на снег, граѓаните да си ги чистат влезовите пред своите дворови со што би им ја олесниле работата на службите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.