Општина Ѓорче Петров спроведува акции за чистење на отпадот по топењето на снегот

Откако се стопи снегот отпадот расфрлан по јавните и зелени површини излезе на виделина.

 

Токму затоа Општина Ѓорче Петров запопочна со организирани акции за расчистување на отпадот по топењето на снегот и продолжува со краткорочните мерки за намалување на загадувањето. Од општината информираат дека четири метри кубни смет се подигнати во населбата Даме Груев од улицата ,,Лепенец”, а комуналните служби , согласно временските услови продолжуваат со чистење на општината.

 

Една од причните за загадувањето на воздухот е и отпадот кој несовесно се расфрла по улиците, тротоарите и тревните површини, затоа апелраме за совесност, истакнуваат од општината. 

 

Спорд нив целта е да се исчисти Ѓорче Петров и полека општината да се подготви за зелената офанзива која ќе започне напролет.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.