Затворен центарот на Скопје поради посетата на австрискиот претседател

Центарот на главниот град е затворен и сообраќајот се одвива по посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Австрија, Александер ван дер Белен.

На улиците на кои е дозволено минување во централното градско подрачје сообраќајот во моментот се одвива отежнато.

МВР вчера информира за состојбата.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28 и 29 март, вторник и среда, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер ван дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, извести МВР.

Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.