Поради синдикален протест, посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, со почеток во 9 часот, поради одржување синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од улицата Мирче Ацев – ССМ, улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата Димитрие Чуповски пред Министерство за правда, десно по булеварот ВМРО и лево по булеварот Илинден пред Владата на Република Северна Македонија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива протестот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.