Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел, ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година, е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа не може да се продолжи да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме, велат од Град Скопје по денешниот пожар кој избувна во Универзалната сала.

„Две години укажувавме дека додека не се обезбедат нов проект и сериозна ревизија на градбата, која е спротивна на проектот, нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи каква било реализација.

Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ги преземе Универзалната сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци, мистериозно гори Универзалната сала наместо да се ревидира што правел изведувачот.

Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку се открие дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, а за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си поведат соодветни постапки за одговорност“, посочуваат во реакцијата од Градот.

„Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, некој се обидува да забошоти што правел, а за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот“, велат во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.