Пендаровски ќе се заложи во најбрз можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје: Мора да се спроведе соодветна истрага за уништувањето на Универзалната сала

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзалната сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции.

„Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите што се одговорни за уништувањето на овој значен објект“, вели тој.

Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.