Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Крсто Раковски во Oпштина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улица бр. 103 во населба Волково во Oпштина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија.

Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците на улицата Кленоец бр. 69 и објектите во околината на ТИНЕКС-МАРКЕТ во Oпштина Карпош ќе останат без струја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.