Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Санкционирани се 132 возачи изминатото деноноќие на територијата на СВР Скопје, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, по осум за некористење сигурносен појас и за користење мобилен телефон при возење, по три за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Министерството за внатрешни работи најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.