Јавниот превоз функционира нормално и покрај политичките притисоци, велат од Град Скопје

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови тешкотии за граѓаните на Скопје, информираат од Град Скопје.

„За жал, некои од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.

Во моментот јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП, како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски“, потенцираат во соопштението.

Град Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици, се додава во напишаното.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.