Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз

На почеток на учебната година и учениците, и родителите, и граѓаните на Скопје мака мачат со градскиот превоз. Автобуси речиси и да нема, тие што ги има доцнат или воопшто не доаѓаат на автобуските станици. Учениците не може навреме да дојдат на училиште, граѓаните на работа, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

 

„Автобусите што ги има се преполни, често се расипуваат и се небезбедни. Дополнително, денес не возат ниту дел од приватните автобуси. На Скопје му недостигаат најмалку 100 автобуси за да може ЈСП нормално да си ја извршува дејноста. Ете тоа е сликата на 1 септември по 3 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје, какво модерно, ова е срам за Скопје. На последната седница на Советот на Град Скопје советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за набавка на нови автобуси“, рече Јанчева и додаде:

 

„Ги нема ветените 250 нови автобуси што Мицкоски ги ветуваше пред скопјани, а го нема и бесплатниот превоз. ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остава скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само затоа што им пропаднаа бизнис-зделките со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата што им се случува на ЈСП и на целиот град“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.