Албанците во администрацијата на Град Скопје под раководство на сателитите на ДУИ и Беџети се дискриминирани, велат од „Вреди“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 07 Ноември 2024
Кога Блерим „Ќосето“ Беџети, познат по своето влијание во партизираното правосудство, излегува и зборува за пазарења и корупција, тоа не само што е смешно, но пред се е навреда за сите граѓани. Може ли поединец кој засадил и креирал цел систем на корупција и клиентелизам да бара правда, прашуваат од „Вреди“.
Ова, како што оценуваат е отворено исмејување на секој и доказ за партија која го изгубила секој морален компас и врска со народот на оваа земја.
„Неодамна во една емисија слушнавме силно сведоштво од Косана Мазнева, поранешната директорка на Комуналната Хигиена, која откри дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дејствувала под влијание на невидлив „тутор“ кој и ги шепнал на уво неговите одлуки.
Главното прашање сега е: Дали Блерим „Ќосето“ Беџети е туторот кој испорачуваше одлуки и нареди протерување на над 150 Албанци од ова јавно претпријатие?
Сè уште не се знае судбината на вработените Албанци кои Мазнева – Арсовска ги избркаа од работа, а нивните тешкотии да се обезбеди егзистенцијата продолжуваат да растат. Блерим Беџети и ДУИ како коалициони партнери на Арсовска имаа клучна улога во деградирањето на Албанците од управните позиции во град Скопје“, истакнуваат од „Вреди“.
Ја потсетуваат јавноста дека Беџети има хронологија и историја што, според нив, граѓаните не ја забораваат, како што е враќањето на споменикот на Андон Лазов Ќосето, познат како „Касапот“, во кружниот тек кај „Ист гејт мол“.
„Беџети за лична корист, веќе синхронизиран со антиалбанското дуо Арсовска – Левица, правејќи трином против Албанците за деалбанизација на администрацијата на Град Скопје, за жал успеаја, но многу брзо ќе пропаднат.
Албанците во администрацијата на Град Скопје под раководство на сателитите на ДУИ и Беџети се дискриминирани. Врз основа на член 3 од Одлуката за внатрешна организација на Град Скопје, градската управа е организирана во 20 сектори. Ниту еден од овие сектори не е предводен од албански кадри. Благодарение на ДУИ, Албанците, кои сочинуваат повеќе од 22 отсто од населението во градот, се целосно исклучени од локалната власт. Исто така, од 92 раководни позиции во администрацијата, само 8 се пополнети од Албанци“, додаваат од оваа коалиција.
Оценуваат дека се двојни штетите на ДУИ и во централната и во локалната власт.
„И на ова му дојде крајот затоа што Албанците ја исфрлија ДУИ од централната власт, а прашање на време е кога ќе се пратат во историја и од локалата власт“, додаваат од „Вреди“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс