Арсовска: Да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи

Денес, одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре, се истакнува во соопштението од Град Скопје по повод денот на ослободувањето на Скопје.

 

„Овој историски ден е симбол на победата на духот, на решителноста и храброста на генерациите што со својата пожртвуваност ја донесоа слободата за сите нас. Тие херои, со неуморната борба за правда и достоинство, ни оставија аманет да го негуваме и почитуваме она што тие го постигнаа – да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи.

 

80 години подоцна, ние сме сведоци на независна и суверена Македонија и Скопје како нејзин центар на културата, напредокот и единството. Оваа годишнина е момент да се обврземе и да ги вложиме нашиот труд и посветеност за нови победи и постигнувања во иднината.

 

Со гордост и почит да се однесуваме кон споменот на нашите предци и нивните дела и обединети во напорите да го направиме нашиот град поубав, поуспешен и посветол за идните генерации“, е нагласено во информацијата од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.