Таксистите протестираат за старата постојка на Битпазар

 Таксисти од неколку компании веќе неколку часа ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ со барање да им се врати старата локација на станицата на Битпазар.

Од Град Скопје велат дека градот направил напор и го решил големиот проблем на таксистите кои беа сместени на такси постојка која, како што велат, ниту ним, ниту пак на корисниците на услугите не им овозможуваше услови за нормално одвивање на работата.

-Град Скопје преуреди еден дел покрај пазарот, со што се прошири просторот на такси постојката и се овозможи технички подобри услови за работа на таксистите. Град Скопје нема добиено барање за враќање на постојката на старото место, и нема намера да ја врати назад, сеистакнуваат од Град Скопје.

Според нив, понуденото и изведено решение преставува максимално квалитетно регулирање на постојката,  во согласност со потребите на корисниците на услугите, стопанствениците, таксистите, како и во согласност со сообраќајните и урбанистички решенија на просторот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.