Одбележан Денот без автомобили во Скопје

Во рамките на „Европската недела на мобилност“ во Скопје денеска се одржа велосипедско дефиле под мотото „Комбинирај и движи се“, на кое се придужија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 

Велосипедистите тргнаа од Порта „Македонија“ и возеа  до Школка во Градскиот парк, каде следеше забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија добија велосипеди, тротинети и велосипедски реквизити, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

 

Макрадули им порача на учесниците да возат внимателно и го поздрави нивното присуство на настанот.

 

- Убаво е да се види дека ве има во толку голем број, многу поголем за разлика од претходната година. Го запревме сообраќајот за еден час и тоа е доволно добро, истакна Жбогар. 

 

Љубица Јанчева, претседателката на Советот на Град Скопје наведе дека повеќе од 2.600 градови учествуваат оваа година на Европската недела на мобилност.

 

- Целта на Европската недела на мобилност е отстранување на проблемите што моторните возила ги предизвикуваат во градовите и повторното враќање на просторот на луѓето - пешаците и велосипедистите, како и на јавниот превоз, нагласи Јанчева. 

 

Таа посочи дека активностите на Град Скопје при организирање на Европската недела на мобилност се забележани во рамките на Европската унија. 

 

- Поради што Градот Скопје веќе неколоку пати се вбројува меѓу првите 10 градови по обемот и квалитетот на активностите, понатаму се потенцираат одредени проекти, кои се даваат како пример за добра пракса, наведе Јанчева. 

 

Таа истакна дека во 2016 година, Град Скопје бил најуспешен и влеегол во најдобрите три града во борбата за првото место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.