Вредни награди за најдобриот есеј на тема „Визија за европско Скопје“

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи од 4-ти до 7-ми ноември оваа година,

во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Градот Скопје, распишува конкурс за новинарски есеј на тема „Визија за европско Скопје“. Авторските есеи треба да содржат проблемски, рефлексивни и визионерски аспекти за градот и да ја афирмираат определбата за европско Скопје, без дневно-политички конотации.

 

Пристигнатите творби ќе конкурираат за три награди. Првата е лаптоп, втората е  Ајфон и третата е Андроид телефонски апарат.

 

 На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите кои се ангажирани во новинарството и секој автор може да учествува само со по еден есеј.

 

Краен рок за испраќање на есеите е 31.10.2018 година. Наградите кои ќе ги изгласа тричлена Комисијата на конкурсот, ќе бидат врачени на 06.11.2018 година.

 

Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската унија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.