Делови од Кисела Вода, Чучер Сандево и Студеничани утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода Чучер Сандево и Студеничани.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците Полог и Зеленгора, во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:30 часот,  корисниците од  ул. „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.

Без струја од 08:45 до 15:00 часот,  ќе бидат корисниците од  дел од  селата Кучевиште, Побожје,  дел од Љубанци, Бродец, Танушевци и  Брест, во општина Чучер-Сандево. 

Од 09:00 до 15:00 часот,  прекин во снабдувањео со струја ќе имаат корисниците од село Батинци ул. „4“, „6“  и „7“ во општина Студеничани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.