Хероите го посетија СОС Детското село

Со рекорден број учесници и кампања која поттикна зголемување на филантропијата во Македонија, тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.

 

Како што информираат од СОС Детско село благодарение на заентересираните луѓе што купуваа километри, значително ги зголемија  чекорите за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село.

 

-Од големо значење беше и тркачката заедница која во свое име купуваше километри за себе или за некој од амбасадорите. Тие ја покажаа својата хуманост и за време на самото експо и трката, велат од Детското село.

 

Целата кампања успеа да обезбеди 60.314 денари. Ова е доказ дека со нови и свежи идеи може да се помести границата на конвенционалното и дека луѓето во Македонија имаат големо срце.

 

Од СОС Детско село велат дека успехот на кампањата се должи на одличната соработка помеѓу Сојуз на спортови на Град Скопје, СОС Детско село и поддршката од познатите личности. Затоа тимот на Skopje Run 10K заедно со Катарина Ивановска, Викторија Лоба, Игор Стефановски – Иџе, Димитар Атанасовски, Петар Георгиевски - Камиказа и Андреј Стојаноски го посетија СОС Детско село. Децата беа пресреќни што можеа да ги видат и поздрават луѓето кои им помагаат.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.