(ВИДЕО) БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА СКОПЈЕ: Километарски колони пред Автокоманда и Маџари
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 12 Декември 2018
Влезот на Скопје од автопатот пред Автокоманда и улицата Благоја Стефковски во Маџари се блокирани.
Во сообраќајот има застој од возилата кои направија километарски колони по автопатот и улицата Благоја Стефковски во Маџари. Колони возила има и во двата правци.
Од СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека причината за метежот кој трае неколку часа е изведување градежни работи на бул. Александар Македонски, па поради тоа се пренасочувал и сообраќајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
