Дел од Кисела Вода, Бутел и Центар утре без струја

 Дел од корисниците од улицата „1520" во населбата Пинтија и корисниците од поголем дел од стопанските објекти приклучени на трафостаницата „Пинтија 5" утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Хо Ши Мин" во општина Бутел, од 11:00 до 12:30 часот корисниците од улицата „Ганчо Хаџипанзов" од број 10 до број 18 во општина Центар, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Саса" бр. 18 и краците и подуличките во близина, во општина Кисела Вода.

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија" АД. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.