Нови дрва од видот јасен се засадија во Ѓорче Петров

На потегот од раскрсницата што води кон болницата „Санте плус", па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата во Ѓорче Петров денеска беа засадени 70 дрвја од видот јасен.

 

Во рамки на акцијата за обнова на зеленилото во наредните денови ќе бидат засадени вкупно 200 садници на повеќе локации во општината. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска информираше дека засадените дрва ќе добијат имиња на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете".

 

Салиху исто така додаде дека ќе продолжат со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот и ќе обезбедат повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина, како што нагласи, е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните.

 

Советникот за развој и инвестиции на Град Скопје, Саша Максимовски, нагласи дека ова е само дел од активностите на општина Ѓорче Петров, за овозможување на чиста и здрава животна средина. Меѓу другото, како што нагласи Максимовски, од следната година општината ќе доделува субвенции за купување печки на пелети, со што се очекува да се намали загадувањето на воздухот и во овој дел од Скопје.

 

Есенската акција за обновување на дрворедите и за подигнување нови дрвореди, Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.