На две недели пред Нова година, во Скопје владее убавa празнична атмосфера

На две недели пред Новата година Скопје го тресе празнична новогодишна треска. Накитени улици, булевари, полни маркети со новогодишни украси и декорации и преполн плоштад со луѓе расположени во празнична атмосфера.

 

Деновиве сите патишта водат кон плоштадот “Македонија” таму се наоѓа убавата новогодишната елка, а оваа година за прв pат се отвори и Винтерленд населбата која на посетителите им нуди различни содржини, од најмалите до највозрасните граѓани. Се пие греано вино, се јадат печени костени, кои мирисаат од километар. Екипата на 1-ва Скопска денеска излезе на плоштадот ,,Македонија” за да ви ја долови празничната новогодишна атмосфера.

 

Граѓаните се задоволни од празничната атмосфера па додаваат дека откако градот е соодветно украсен во пресрет на Нова година, речиси постојано можат да се забележат млади но и повозрасни насмеани лица низ улиците на Скопје. Во метрополата не само скопјани, доаѓаат луѓе од сите градови од внатрешноста, за да уживаат во она што го има во главниот град.

 

Плоштадот е осветлен, со една посебна празнична магија. Ведрина се гледа на лицата на луѓето, кои некако со надеж од наредната година очекуваат нешто многу повеќе, поубаво за себе и за своите најблиски, еден поубав, помирен и поспокоен живот. Новогодишната магија во главниот град се шири и по социјалните мрежи каде граѓаните споделуваат фотографии и новогодишни детали каде се забележува новогодишната еуфорија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.