Отворени денови за иницијативата „Планот за чист воздух“

Во Владата на Република Македонија денеска ќе се одржи четвртиот од серијата отворени денови за иницијативи на граѓански организации, кој се однесува на „Планот за чист воздух“ за 2019-та година и временската рамка за спроведување на истиот.

 

Како што соопштија од Владата, на отворениот ден воведни обраќања ќе имаат заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, шефот на кабинет на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска, од здружението „Еко – свест“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.