Нови принципи за доделување субвенции за печки на пелети, нема повеќе „Прв дојден прв услужен,,

Повеќе од 90 проценти од парите за планот за чист воздух, ќе се трошат за промена на изворите на затоплување во домаќинствата и јавните установи.

 

Главен приоритет и оваа година, надлежните велат ќе им бидат семејствата кои се греат на јаглен и дрва. Во таа насока ќе се менуваат и правилата за добивање субвенции, па наместо досегашниот концепт „Прв дојден - прв услужен“ субвенции ќе се добиваат според социјалниот статус и приходите во семејството.

 

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој вели дека најголемите загадувачи на воздухот се домаќинствата, ги повика активистите од врата на врата да ги мотивираат граѓаните да го променат начинот на греење, а за возврат им вети парични награди. Дел од нив пак, им порачаа на надлежните, годинава повеќе да се фокусираат на големите, како што велат тие, „недопирливи“ загадувачи.

 

Друга област во која се планира да се преземат мерки е и сообраќајот. Надлежните уверуваат дека еколошките налепници ќе дадат резултати, а јавниот превоз ќе го стимулираат со новите еколошки автобуси, за кои треба да се рапише и тендер. Активистите пак, ги повикаа политичарите и тие некогаш да влезат во автобус, за одблиску да ги видат проблемите на ЈСП, а парите за патни трошоци да ги дадат за намалување на загадувањето.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.