Нападната новинарка на Канал 5, завршила во градската болница со повреди на раката и вратот
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 19 Јануари 2019
Во Градската болница со повреди на раката и вратот завршила новинарката од Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кога во еден момент дошло до влечење и туркање во центарот на Скопје, каде новинарски екипи известувале за одбележувањето на верскиот празник Водици.
Мирчевска-Јовановиќ, како што објави Канал 5, од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб" била истуркана, навредувана и влечена, поради што завршила во градската болница со повреди на раката и вратот.
Канал 5 најави дека ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс