615.000 евра потрошија општините за новогодишно украсување, 30% повеќе од лани

За дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од минатата година.

 

Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра, ова се податоците од базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишното украсување за дочекот на 2019 година, што ја објави Центарот за граѓански комуникации. 

 

Базата на податоци открива дека за разлика од претходната година кога улиците и плоштадите за Новата година ги красеа градот Скопје и 18 општини во вкупна вредност од 474 илјади евра, сега, за дочекот на 2019 година тендери за украсување спроведоа 26 општини и Градот Скопје во вкупна вредност од 615 илјади евра што е за 30% повеќе од минатата година. Дури 55% од парите за новогодишно украсување се потрошија во Скопје и тоа од градските власти и од општините: Карпош, Аеродром, Чаир, Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари. Само Град Скопје потроши околу 260 илјади евра што е за 33% повеќе од минатата година.

 

Градот Скопје огласот за јавна набавка го имаше објавено на крајот од септември и на него традиционално беше добиена една понуда и договорот е склучен со неколкугодишниот носител на оваа набавка кај градските власти, фирмата Линк Медиа Плус од Скопје. По Градот Скопје, вредносно најголемиот договор го има склучено Општина Струмица а на трето место по големината на договорот е Општина Аеродром каде вредноста со пресметан ДДВ изнесува 31 илјада евра.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.