Прифатилиште за неограничено сместување на кучиња скитници е најсоодветно решение за проблемот според истражувањето на ИПИС

Според истражувањето на јавното мислење спроведено за емисијата „Детектор„ за тоа кое е најсоодветно решение за проблемот со кучињата скитници, мнозинството граѓани односно 60,1  процент сметаат дека треба да се обезбеди прифатилиште за кучиња скитници каде тие би биле сместени неограничено, а дури и повеќе од една четвртина од испитаните граѓани или 26,9  проценти би посвоиле куче од улица.

 

Мнозинството од граѓаните - 63,1 процент, според објавените рзеултати, сметаат дека е погрешно да се дозволи кучињата скитници слободно да шетаат по улиците, a повеќе од половина од граѓаните или 54,5 проценти се подготвени да плаќаат повисоки даноци на општините за да се обезбедат прифатилишта за кучињата скитници. Како што се изјасниле повеќе од половина  од испитаниците или 57,8  проценти,  општините немаат соодветен пристап за справување со проблемот со кучињата скитници и овој проблем, според 53,3 проценти од анкетираните, годинава е поголем споредено со лани.

 

Градоначалникот Шилегов се надева дека ќе успее во текот на оваа година да повика дел од градежните фирми кои што градат на територијата на Скопје да бидат општествено одговорни и поранешната фарма на затворот Идризово, да биде реконструрирана и таму да има 500-600 за животните скитници, а очекува ојој проблем да се реши за 3-4 години.

 

Во моментов се работи на сет мерки за решавање на проблемот. Сите општини се задолжени да достават програми за контрола на популација, а направени се измени и во „Законот за заштита и благосостојба на животните“ кој е пратен во Секретаријатот за законодавство и со него ќе се регистрираат одгледувачниците за да се регулираат несаканите потомства и лицата кои ги напуштаат своите миленици.

 

Истражувањето на тема „Кучиња скитници“ беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), во периодот помеѓу 8 и 13 јануари 2019 на 1091 полнолетни испитаници на ниво на целата земја, со користење на случаен примерок.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.