Ова лето скопјани ќе уживаат на зелениот покрив на ГТЦ

На површина од 1.800 м2 Градскиот трговски центар во Скопје ќе добие зелен покрив. Овој проект кој е финансиран од Град Скопје а е направен врз основа на Меморандумот за соработка меѓу УНДП и Градот е во рамки на програмата „Отпорно Скопје“ и ќе чини над 30 милиони денари.

 

На покривот ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

 

Постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакјан, појасни дека ова е нова технологија со што се дава осврт на новите опасности од климатските промени, односно топлотните бранови, со кои Скопје е загрозено. Таа напомена дека е интересен фактот што летно време, кога температурата на градскиот полоштад е 27 степени, покривот на градскиот трговски центар е 37 целзиусови степени што значи дека за десет степени е повисока температурата и додаде дека ова е еден проект со кој треба да се зголеми отпорноста на градот од климатските промени.

 

Во оваа фаза, заради материјалните можности на Градот Скопје, ќе се прави зелен покрив само на делот од покривот што гледа кон градскиот плоштад. Постапката за избор на изведувачи ја спроведе УНДП, а е избран конзорциум од неколку градежни фирми затоа што станува збор за комплексна градежна активност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.