Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје на мраз 2019“

Во Скопје в петок и сабота на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија „Скопје на мраз 2019“. Натпреварот е организиран од Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија во соработка со Спортскиот центар.

 

На натпреварот ќе учествуваат 75 натпреварувачи, 21 од Македонија и 54 натпреварувачи од странство, односно од : Србија, Бугарија и од Словенија.

 

Учесниците ќе лизгаат во пет категории: кадети „Ц“, кадети „Б“, младинки, јуниорки и сениорки.

 

Свеченото отворање е в петк, со почеток во 19 часот во Конгресната сала на СЦ ,,Борис Трајковски, а натпреварот ќе се одржуваод 20:00 до 21:30 часот. В недела пак натпреварот ќе се одржува од 8:00 до 14:00 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.