Не оставајте вредни предмети во автомобилите!

Чанти, паричници, телефони, лаптопи... Многу често се случува од брзање да се заборават вредни предмети во автомобилот, па потоа да станат мета за крадец.

 

Со цел да се подигне свеста на граѓаните повеќе да внимаваат денеска екипите од СВР Скопје, пред ТЦ ,,Бисер” делеа промотивен материјал наменет како да се заштитат од кражби на вредни предмети во автомобилите на паркинзи. Како што информираше Ристо Јовановски, инспектор во одделението за  превенција во СВР Скопје, кампањата е во соработка со Здружението на сопственици на ТЦ Бисер и во соработка со ЈП ,,Градски паркинг”.

 

Како што истакна инспекторот Јовановски согласно годишната програма овие активности почнуваат во овој период од годината и ќе траат до крајот на 2019 година. Предвидено е да бидат опфатени сите паркинг места на подрачјето на Град Скопје, оние места кои се детектирани како проблематични.

 

Раководителот на ЈП Градски паркинг, Славчо Јовановски информираше дека на површините со кои стопанисува Градски паркинг не се случуваат често кражби, но доколку се случи тоа, вработените ги информираат екипите на СВР Скопје.

 

 

Подигнувањето на безбедносната култура кај сопствениците на возила, редовното присусво на полициски патроли и зајакнување на довербата и соработката меѓу граѓаните и полицијата, која преку вакви и слични проекти треба да се достигне, треба да донесе зголемување на чувството на сигурност и безбедност на граѓаните во нивните населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.