Кај автобуси и возила за јавен превоз откриени неисправни уреди за кочење и управување

Во акциска контрола спроведена вчера на подрачјето на Скопје на технички преглед испратени се 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз.

 

Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди. Едно возило имало неисправни останати уреди, а две возила немале комплетна опрема.

 

Од полицијата информираат дека се поднесени 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекршочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај.

 

При акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз, како и 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот.

 

Акциската контрола била спроведена во периодот од 08 до 13 часот.

 

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека нивните автобуси не биле предмет на вчерашната акциска контрола на полицијата во која 49 автобуси беа испратени на вонреден технички преглед и кај кои се откриени неправилности со кочниците и уредот за управување.

 

– Сите возила на ЈСП Скопје се во редовен сообраќај согласно утврдениот линиски превоз. Преглед е вршен на возилата на приватните превозници и исклучени од сообраќај се неколку нивни возила. Детали од исходот на контролите, барајте во „Слобода превоз“ и „Мак експрес“, кои заедно со ЈСП Скопје учествуваат во реализирањето на јавниот превоз во Скопје, се наведува во соопштението.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.