За два месеца запалени 40 контејнери во Скопје

Несовесноста кај дел од граѓаните во Скопје постојано расте. Во текот на месеците јануари и февруари 2019, од страна на непознати лица се опожарени вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

 

Како што информираше Ана Марија Бранѓолица од ЈП  „Комунална хигиена“-Скопје  опожарените контејнери беа наменети за собирање на комуналниот отпад а во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени. Како што додаде Бранѓолица покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

 

Покрај палењето, неретко до контејнерите може да се забележат гранки од дрва, градежен материјал, вреќи со отпад. Расфрланото ѓубре покрај естетски претставува и здравствен проблем, а за ваквата глетка виновни се и самите жители.

 

Бранѓолица информираше дека претпријатието редовно го чисти главниот град. Сметот се собира еднаш во денот во зависност од населбата за која станува збор. Информираат дека само во последниот месец се дезинфицирани сите контејнери во градот, а сменети се над 200. Исто така Бранѓолица потврди дека комуналното претпријатие постојано го зголемува бројот на контејнери каде што има потреба и онаму каде што има зголемување населението.

 

Кабастиот отпад кој можеби најмногу може да се забележи покрај контејнерите,  граѓаните можат да го носат во станиците за отпад во Карпош, Вардариште или пак да ја повикаат нивната служба за да изврши оваа услуга.     

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.