Дел од Аеродром и Нерези без вода

Поради улични дефекти на цевки со пречник од 100 милиметри на булеварот „Видое Смилевски Бато" 11 во Општина Аеродром и на улицата „Демир Трајко" 11б во населбата Нерези, од 9:15 часот без вода се корисниците од високата зона од булеварот „Видое Смилевски Бато" на потегот од зграда 1 до зграда 37, и од улиците  „Демир Трајко" и „Ванчо Мицков" во населбата Нерези.

 

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека нивните екипи не ги отстранат дефектите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.