Теренска вакцинација против морбили во 11 училишта во Скопје, ќе бидат вакцинирани 480 ученици

Почнува вакцинацијата против морбили на терен согласно наредбата од Министерството за здравство за теренска вакцинација на сите невакцинирани деца од школска возраст. Во 11 училишта на територија на Град Скопје во четири општини денеска се врши вакцинација на повеќе од 480 деца, изјави денеска во ООУ „Јан Амос Коменски“, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, каде здравствени тимови треба да вакцинираат или ревакцинираат околу 50 деца.

 

Според нивните сознанија во првиот круг на теренска вакцинација не биле вакцинирани околу 3.800 деца. Од нив биле вакцинирани само 300 деца, што не е задоволителен процент. Затоа во наредните десет дена очекуваат да ја повторат оваа теренска вакцинација и да се зголеми процентот на вакцинирани деца.

 

Според ИЈЗ по спроведената засилена вакцинација, вакцинирани се 20.244 деца на возраст до 14 години, од нив 12.468 се вакцинирани во Скопје а во останатите градови се вакцинирани 7.776 деца до 14 годишна возраст. Сепак, остануваат уште 22.612 невакцинирани деца на возраст до 14 години, Потребно е особено да се засили вакцинацијата на предучилишните деца вон Скопје, каде од 19.494 невакцинирани, вакцинирани се само 5.129 деца.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.