Од утре пријавување за првиот Детски ЗОО Маратон на 9-ти мај

По повод, 9-ти мај, Денот на Европа во ЗОО Скопје за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон.

 

Во ботаничката градина ќе се одржат 4 трки- две на 150 метри ( машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри ( машка и женска категорија, 5-6 години). Од Зоолошка на својата страна информираат дека за сите дечиња се обезбедни подароци , а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали. 

 

Пријавувањето за Детскиот ЗОО Маратон ќе започне од утре 25-ти април. Од Зоолошка се надеваат дека овој детски маратон ќе прерасен во традиција.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.