All for Joomla All for Webmasters

Прва парада на гордоста на 29 јуни во Скопје

Првата парада на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во центарот на Скопје, најави денеска Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

 

Активистот Антонио Михајлов изјави дека Парада на гордоста е протест во кој ЛГБТИ луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба.

 

Додаде дека Парадата креира простор што еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет.

 

– Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето – изјави Кочо Андоновски. Нашата држава е последната земја од регионот што организира Парада на гордоста, рече Кочо Андоновски, член на организацискиот одбор.

 

Ирена Цветковиќ од Организацискиот одбор се надева дека оваа парада на гордоста ќе биде една од најбезбедните и појасни дека освен МВР и тие будно ќе ја следат ситуацијата и ќе вложат напор секој поединец што ќе присуствува на Парадата да се чувствува безбедно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.