Избрани најдобрите просветни работници во Скопје

Во пресрет на 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Здружението на просветни работници на Град Скопје ги прогласи просветните работници за учебната 2018/2019 година.

 

Здружението им додели признанија на Билјана Лотеска и Љиљана Крстевска, воспитувачки во градинка  „Детска радост", Весна Недановска, професор по одделенска настава во основното училиште 11 Октомври, Анета Велковска професор по одделенска настава во основното училиште „Браќа Миладиновци" Хатиџе Топали, професор по одделенска настава во основното уччилиште „Петар Здравсковски Пенко", Виолета Панев, наставник по англиски јазик во основното училиште „Владо Тасевски", Наташа Ацевска професор по македонски јазик во средното училиште „Георги Димитров" и Татјана Михајловска, стручен соработник-педагог во ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин" во Скопје.

 

Просветниот работник, истакнуваат од Здружението, е важен фактор во воспитно-образовниот процес. Неговата улога во обликувањето на младата личност е незаменлива.  Без сомнение, неговиот труд спаѓа меѓу најсложените, најодговорните, но и најблагородните човекови активности.

 

Здружението на просветни работници на Град Скопје е формирано 2000 год. како стручно-научна, непартиска асоцијација и легитимен претставник на просветните работници на Град Скопје.

 

Здружението ја истакнува својата активност преку организирање и учество на семинари, конгреси, симпозиуми, советување, тркалезна маса,  литературни и ликовни конкурси, одбележување прослави, значајни датуми и сл. Согласно со Статутот  на Здружението, секоја година се прогласува просветен работник на годината на Град Скопје од предучилишно образование, од основно образовие и тоа од одделенска и предметна настава, како и од редот на стручните  соработници и просветен работник од средно образование. Оваа значајна активност, Здружението ја реализира секоја учебна година во пресрет на 24 Мај – Денот на Просветните работници.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.