
Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“ со заеднички еко-предавања за средношколците
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 21 Мај 2019

Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“.
Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот, неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Преку слајдови и видео-материјали, учениците беа информирани за проблемите со коишто Еко-патролата се соочува на терен и едуцирани за превентивните мерки и дејствија што таа ги презема за да се спречи создавањето на диви депонии, со крајна цел - заштита на животната средина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
