Скопје доби нов парк – „Ибни Пајко“

На левата страна на Вардар, во срцето на некогашното Пајко Маало, веднаш зад Националната филхармонија, на површина од околу 11.000 квадратни метри, денеска е отворен новиот градски парк „Ибни Пајко“.

 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека за овој парк не се потрошени пари, туку се одвоени од редовните програми и донација од општествено одговорни компании.

 

Во паркот се зачувани постоечките 12 дрва и се засадени нови 85 садници во дрвореди, изградена се и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а поставена е и функционална урбана опрема. Пристапите кон паркот се обезбедени со рампи за велосипеди или колички на сите негови влезови, а паркинзите за велосипеди и сервисната станица се поставени на осветлено место под видео-надзор за подобра заштита. На патеката по должината на булеварот „Гоце Делчев“ е засадена жива ограда за да го штити паркот од прашината и од бучавата на возилата, а во паркот засадени се вкупно 7.500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.