5 милиони денари за новото јавно претпријатије за третман на улични кучиња ,,Лајка,,

Градот Скопје ќе одвои пет милиони денари за субвенбционирање на новото јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“. Целта е непречена работа на претпријатието. -Поради потребата од средства за негово нормално функционирање, со ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2019 година се предвидени пет милиони денари е наведено во предлог-одлуката за субвенционирање на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“.

 

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, директорката на Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ Тина Петрушевска во салата влезе во куче од стационарот „Вардариште“ и побара од советниците да го вдомат кучето кое е прегледано е од ветеринар, направени се сите тестови и нема никакви заразни болести и со тоа да дадат пример и до останатите граѓани да згрижуваат улични кучиња.

 

Советот на Град Скопје кон крајот на февруари оваа година на седница донесе одлука за формирање на јавното претпријатие за хуманиот третман на животните скитници ,,Лајка,,. Од градот тогаш истакнаа дека формирањето на ново јавно претпријатие е потребно од повеќе причини, пред се поради недостатоците на досегашниот систем на работа со бездомните животни, што резултираше со зголемено присуство на кучињата скитници на јавните градски површини и притоа претставуваат реална опасност за безбедноста на граѓаните. Во текот на 2018 година против Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена поднесени се над 200 тужби за надомест на штета заради напад и гризнување од бездомни кучиња.

 

Новиот систем ќе овозможат Градот Скопје стратешки да се справи со проблемот на животните скитници од скопските улици преку воспоставување поефикасна контрола над популацијата на бездомните кучиња на подрачјето на град Скопје.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.