Основни совети за заштита од кражби во домовите во летниот период

Кражбите во домовите во летниот период се се позачестени, за крадците нема одмор, а за граѓаните не постои стопроцентна заштита, но има совети, а се организираат и кампањи од МВР преку кои се советуваат граѓаните како да го заштитат својот дом од кражби.

 

Сите врати и прозорци треба да бидат добро затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во домот, не оставајте впечаток дека сте отсутни од дома, не го објавувајте вашето отсуство од дома на социјалните мрежи, инсталирајте алармни уреди и безбедносни камери, никогаш да не се остава влезната врата отклучна  и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително. Ова се само дел од советите кои полициските службеници им ги кажуваат на граѓаните, а се делат и известувања и флаери со едукативна содржина и повеќе совети како граѓаните да се заштитат од кражби. Овие капмањи имаат за цел  да ја зголемат свеста на граѓаните и полицијата да биде поблизу до народот.

 

Во насока на зголемување на безбедноста на граѓаните на Скопје е отворен и Саем за безбедност и превенција, кој годинава првпат се одржува во ТЦ „Сити Мол“ под мотото „Живеј безбедно“и ќе им овозможи едукација на граѓаните за превенција, односно за спречување кражби во куќите и во становите за време на летниот период.

 

Саемот за безбедност во текот на следниве 3 дена ќе им овозможи на граѓаните на едно место детално да се информираат за програмата на СВР Скопје и услугите кои институциите и компаниите ги нудат за помош и самозаштита покрај редовното полициско работење, како и за превентивните активности кои полицијата ги презема во соработка со заедницата. На тој начин директно се влијае и на намалувањето на кривичните дела поврзани со кражби, разбојништва и слично, а со тоа и на намалувањето на материјалните штети предизвикани од овој вид на криминалитет.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.