Летни атракции, актуелни настани и сервисни информации во Скопје

В петок со почеток од 10 часот ќе почне новата летна сезона во Аква паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски".

 

Оваа година Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.

 

Новитет е и полудневната карта што ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.

 

Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

 

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери. 

 

Заглавените туристи на скопскиот аеродром заминаа за Хургада

 

Домашните туристи кои уплатија арамжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром денеска после 10 часот полетаа кон Хургада.

 

Според инфорамциите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс".

 

Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот.

 

Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

 

Според информациите случајот не беше пријавен во Државниот пазарен инспекторат.

 

Над 500 учесници на фолклорниот фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

 

Над 500 учесници од повеќе држави ќе настапат на петтиот меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, што ќе се одржи од 13 до 17 јуни во Долно Лисиче.

 

Фестивалот свечено ќе биде отворен в петок, 14 јуни во 19:00 часот, а во текот на трите фестивалски денови покрај домаќините, ќе настапат игроорци и од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.

 

Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а Општина Аеродром и Град Скопје се покровители на манифестацијата.

 

 Признанија за првенците на генерација во Карпош

 

Во клуб „Фонтана“, во еко училницата на ООУ „Лазо Трповски“, денеска беа доделени признанијата на најдобрите ученици – првенци на генерација од сите основни училишта во Карпош.

 

Станува збор за најдобрите десет ученици кои во текот на учебната година покажаа континуиран и одличен успех, интерес во повеќе области и сегменти од наставните програми. Овие млади луѓе ќе добијат еднократна парична награда од 10.000 денари од Општината.

 

Градоначалникот Стефан Богоев на првенците им врачи „Дипломи за првенци на генерација“ и притоа ја искористија приликата да поразговааат за текот на тукушто  измината учебна година, предизвиците со кои се соочувале и идните планови за продолжување на образовниот процес. Богоев ги охрабри младите ученици да бидат постојано активни и самоуверени, но и да бидат отворени за различно мислење.

 

Утре неколку скопски општини без струја

 

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат, дека утре се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

 

  • во периодот од 09:15 до 13:00 часот корисниците од с. Бојане. (Општина Сарај)
  • во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
  • во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Димитар Македонски бр. 22, 24, 26 и 28. (Општина Аеродром)
  • во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. Владимир Назор бр. 15, 15а, 18, 19 и 20. (Општина Центар)
  • во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с. Волково под улици 1, ул3, ул. 16, ул.51 и околните под улици како и дел од нас. Стопански двор. (Општина Ѓорче Петров)
  • во периодот од 09:30 до 12:30 часот корисниците од ул. Мирче Оровчанец и бул. Партизански Одреди бр. 55 (ОпштинаЦентар)

 

Сончево со локален пороен дожд, од утре многу топло

 

Сончево и топло време со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер преовладува уште денеска. Веќе од утре, синоптичарите најавуваат топло и стабилно време со максимални температури над 35-тиот степен.

 

Утринската температура денеска ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени. Висок ќе биде и УВ индексот и ќе изнесува 8.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.