Проект на „Дрисла" за запознавање на граѓаните со патот на отпадот до депонијата

Во организација на Здружението за заштита на животната средина „Нов импулс" – Скопје денеска 150 деца и возрасни ја посетија депонијата „Дрисла", каде имаа можност лично да видат што се случува со отпадот што доаѓа на депонијата.

 

Посетата се реализира во соработка со „Дрисла" – СКОПЈЕ ДОО и е во рамки на проектот „Дојдете да се запознаеме – поздрав мистер Дриско".

 

Целта на проектот, како што информираат организаторите, е да ја издигне свеста кај најмладите, а преку нив и кај возрасните, за разликите меѓу дивите депонии како главен загадувач на животната средина, во споредба со централизирана високо-професионална депонија.

 

Од страна на стручни лица е презентиран патот на отпадот од дома до неговото професионално третирање во главната депонија во Скопје.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.