Делови од Зелениково, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров утре без струја

Заради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Зелениково, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.

 

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, од 07:00 до 17:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Зелениково, Страхојадица, Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Смесница, Пакошево, Гумалево и Ново Село, а од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Михаил Чаков“.

 

Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Трифун Хаџијанев“, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Ѓуро Салај“, „Алексо Демниевски“ и „Даутица“.

 

Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Беласица“, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Рилски Гонгрес“, „Востаничка“ и „Банско“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.