Промоција на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ на Црвениот крст
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 11 Јули 2019
Црвениот крст денеска ќе ја промовира кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите. Кампањата ќе биде промовирана во отворениот простор после подвозникот спроти хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Пред промоцијата ќе се одржи симулација во живо на спотот што ќе биде промовиран, ќе бидат презентирани целите на кампањата, што почнува на 15 јули, а воедно ќе бидат претставени бренд амбасадорите на кампањата, манекенката Катарина Ивановска и водителката Анита Латифи, по што ќе се обрати генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.
На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на Здравствен дом Скопје, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и познати личности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс