Без струја утре делови од општините Карпош, Центар, Чаир и Бутел

Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците во делови од општините Бутел, Центар, Чаир и Карпош.

 

Од РЦУК по известување од ЕВН информираат дека прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

 

Од 08:15 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.„Натанаил Кучевишки“, дел од ул.„Хоши Мин“ и ул.„Краишка“ во општината Бутел, а од 08:30 до 12 часот, корисниците од СРЦ Кале и околни објекти на ул.„Лазар Личеновски“ во општината Центар.

 

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Мара Междуречка“ и ул.„Иван Манолев“ во општината Чаир, а од 9 до 13 часот корисниците од бул.„Партизански одреди“ згр. бр. 153 во општината Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.