В понеделник градските автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 06 Септември 2019
Поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември -Ден на независноста, в понеделник автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје.
-Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и
автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно
Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде
бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените
линии за сите категории на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7:00 до 19:30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7:00 до 13:00 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс