Хуманитарна акција на Црвениот крст на град Скопје и Амбасадата на САД

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти, за да го одбележи Американскиот Национален ден на служба и сеќавање.  

 

Лицата заинтересирани да даруваат крв и конзервирана храна ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот.  Амбасадорот Кејт Брнз ќе им се обрати на присутните во 11:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, и претставничката на Институтот за трансфузиона медицина, др. Рада Грубович, соопштија од Амбасадата.

 

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со

последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.