Почна асфалтирањето на улицата „Бранко Заревски“ во Драчево

На улицата „Бранко Заревски“ денеска почна асфалтирање во должина од 600 метри.

 

Од Општина Кисела Вода информираат дека на почетокот на работите присуствуваа градоначалникот  Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

 

На улицата се поставува асфалт во должина од 600 метри и ширина од седум метри.

 

Од Општина Кисела Вода со апел до граѓаните додека траат градежните активности да не ги паркираат возилата долж улицата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.